еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Распишана национална, МВР ќе побара и меѓународна потерница за Мијалков

Министерството за внатрешни работи ќе побара да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница за Сашо Мијалков.

„Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница.

Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница“, информираат од МВР.

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на Обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од Кривичен суд за барањето за куќен притвор за Мијалков кој се уште е недостапен за полицијата

Мицкоски за потрагата по Мијалков: Одамна реков, мафијата има своја држава

Мијалков го бараат за да му дадат решение за куќен притвор, ама не можат да го најдат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ отвара катедри во Свети Николе, наставата ќе биде на англиски

Редакција

Времето ќе залади: Повремен дожд попладне и утре, температурата до 15 степени

Редакција

Детали за акцијата на МВР: Можна поврзаност на полицајци со криминалци, кокаин користеле банкари, адвокати, менаџери

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница