еМагазин
Image default
Свет

Истражување: Луѓето кои прележале Ковид-19 се соочуваат и со опаѓање на косата

Најновото истражување покажува дека над 20 проценти од луѓето кои биле заразени со Ковид-19, покрај заморот, губењето на мирисот и болки во градите, се соочуваат и со опаѓање на косата.

Во студијата објавена во списанието „Лансет“ се наведува дека кај 359 од 1.655 хоспитализирани во Вухан, односно 22 отсто од пацинетите се соочиле со паѓање на косата шест месеци по лекувањето.

Дерматолозите наведуваат дека паѓањето на косата е нормален психолошки одговор на стресот и тоа е привремено, но оти Ковид-19 може да предизвика алопеција односно трајно опаѓање на косата.

– Целата на студијата беше да се утврдат долготрајните последици врз луѓето кои прележале Ковид-19, се наведува во студијата на Кинеската академија на медицинските науки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нобеловци бараат привремено откажување од интелектуална сопственост врз вакцините против Ковид-19

Редакција

Австралија целосно ги отвора границите за вакцинирани патници од 21 февруари

Редакција

Во војната се убиени 262 деца а 467 се повредени, тврди украинскиот Парламент

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница