еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинение за „Лидери“, предмет кој произлезе од разговор на Груевски и Ахмети

Основното јавно обвинителство покрена обвинение за предметот „Лидери“ на поранешно Специјално јавно обвинителство (СЈО) за дивоградбата наспроти Американската амбасада, кој произлезе од разговор помеѓу поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Обвнителството не ги гони нив, туку инвеститорот на градбата.

„По спроведена предистражна и истражна постапка од поранешното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице во предметот во јавноста познат како „Лидери“.

Обвинетиот 50-годишник од Скопје се товари за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од  Кривичниот законик.

Во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година, обвинетиот градел на земјиште во државна сопственост на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено Договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта – Подружница Бит Пазар – Скопје.

Иако согласно договорот бил корисник на земјиштето за период од 10 години, тој инвестирал во градба на армирано-бетонски објект од втора категорија. Без одобрение за градба тој изградил станбена зграда на два ката со вкупна корисна површина од 1.001 м2, со деловен простор и шест стана„, велат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парламентарното мнозинство нема да гласа за брзи предвремени избори, велат од СДСМ

Редакција

Во контакт сме со Фондација од Холандија која има банка на кожни ткива, размислуваме за трансплантација, вели Клековски

Редакција

Сите детали: Кои банки ќе ги издаваат новите платежни картички за домашни производи?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница