еМагазин
Убава приказна

Промоција на публикации за деца на манифестација посветена на обичајот „Мартинки“ – наследство на УНЕСКО

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2021“ по осми пат ќе биде отворена во петок (26 февруари) во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Капитол мол“ во Скопје.

Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинките, како нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Настанот ќе биде отворен до први март. Покрај музејска постановка со автентични амајлии од повеќе држави, ќе биде збогатен и со едукативни панели, продажна галерија со ракотворби и промоција на четири илустрирани читанки за деца за обичајот „Мартинки“ на македонски, англиски, албански и турски јазик, како и две боенки за деца на македонски и на англиски јазик.

– Печатените изданија за деца што ќе ги промовираме на традиционалната манифестација посветена на обичајот „Мартинки“ се поддржани од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на „Приказните за европското културно наследство 2020“ каде проектот за „Денот на Баба Марта“ на „ХАЕМУС“ беше избран меѓу десетте најдобри европски приказни, како исклучителен пример преку кој се визуелизира и интерпретира културното наследство – вели Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“.

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2021“ се прави со поддршка од Капитол Мол, Градот Скопје и приватни донатори, под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси. Настанот ќе биде реализиран во мал обем и со соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита во време на пандемија.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева блесна во најновата кампања за брендот „Страдивариус“

Редакција

(Фото) Македонскиот модел Андреј Пајмакоски во кампања за новиот српски бренд „Филозофи“

Редакција

15 студенти по хемија и фармација ќе може да стекнат тримесечна пракса во Алкалоид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница