еМагазин
Македонија

До претпладнево 1.510 медицински лица вакцинирани против Ковид-19

До 10 часот денеска, вакцини за Ковид-19 примиле 1.510 лица, медицински персонал, соопшти на прес-конференција портпаролот на Владата, Муамед Хоџа.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4.680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ. 

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рудар во „Тораница“ настрадал од одрон на камења

Редакција

Кривична за директорот на ЈП Стрежево, купил стар ратрак кој го платил како да е нов

Редакција

Пратениците заминаа на одмор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница