еМагазин
Image default
Бизнис

Владата ќе ги поддржи радиодифузерите со 50 милиони денари

Во рамки на денешната 48-ма седница, Владата донесе одлука за одобрување на средства од Буџетот за 2021 година во износ од 50 милиони денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19.

Како што соопшти владината прес-служба, ваквата одлука е донесена заради реализација на мерката три од петтиот пакет економски мерки, со што ќе се обезбедат средства за финансиска поддршка на радиодифузерите за надомест на средства платени по основ на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ.

Притоа, Владата го задолжи својот Генерален секретаријат, средствата од оваа одлука да ги уплати на наменска сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Согласно одлуката, овие средства Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, треба да ги искористи исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради надоместување на средствата кои не се реализирани по основ на наплата на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ“, се додава во соопштението.

Од прес-службата информираат дека за искористувањето на средствата, Агенцијата ќе треба да достави извештај до Владата во рок од 15 дена од завршување на активностите.

„Во извештајот, ќе биде потребно поединечно да се набројат секој од радиодифузерите со висина на надоместокот кој го должел и е покриен со средствата од оваа одлука, како и бројот на фактура со кој истиот бил задолжен.

Агенцијата е должна да достави примерок од извештајот и до Управата за јавни приходи за потребите на системот на данокот на додадена вредност и реализација на целите на данокот на додадена вредност“, се наведува во соопштението од владината седница.

Од Владата информираат дека при евентуално утврдени неправилности и ненаменско користење на средствата потребно е Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги средствата да ги врати во Буџетот.

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со „Дигер“ вреден 1,2 милион евра

Редакција

Околу 150 прехранбени компании ќе бидат префрлени на регулиран пазар на струја за да се намалат цените на основните производи, најави Бектеши

Редакција

Една четвртина од македонските туристи во странство плаќаат со картичка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница