еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски е позитивен на Ковид-19, соопшти тој на неговиот Фејсбук профил.

Првите симптоми ги почувствувал во неделата навечер, а веќе во понеделникот тестот покажал дека е позитивен.

„Од почетокот на кризата со коронавирусот сум максимално внимателен. Се грижев за сопственото, здравјето на моето семејство и на сите граѓани кои доаѓаа во мојот кабинет. Но, овој вирус е непредвидлив и не секогаш можеме да го избегнеме.

Ви порачувам да се грижите за себе и за најблиските и заедно да излеземе посилни од ова. Почитувајте ги мерките за заштита, носете маска, вршете дезинфекција и држете меѓусебно растојание, само така ќе се заштитите себеси, но и другите, напиша Христоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски позитивен на Ковид-19

Фото: Фејсбук/Христоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште еден фемицид поради непостапување на институциите, реагираат за убиството на жената од Кочани од Платформата за родова еднаквост

Редакција

МЗ: Шеесет и едно лице во Скопје заразени со жолтица, меѓу нив ученици од основни и средни училишта

Редакција

Девојката на која и беше ампутирана ногата, се уште во критична состојба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница