еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МАНУ одби да си го смени името, не сака „Северна“

Највисоката научна институција во Македонија, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) одби да го смени името и во него да ја стави кованицата „Северна“, пренесува телевизијата Алфа.

Откако од МАНУ дознале дека во Собранието веќе е доставен предлог за промена на името на институцијата, академците писмено се обратиле до законодавниот дом и Владата и барале законот да биде повлечен.

Од Собранието добиле потврден одговор, односно дека законот ќе биде повлечен, за Алфа потврди претседателот на Академијата, Љупчо Коцарев.

„Ние пративме официјално барање до Собранието и Владата со кое посочивме дека сакаме да се повлече законот за промена на името на МАНУ. Вчера добивме известување од Парламентот дека предглог законот ќе биде повлечен“, вели Коцарев.

Според предлогот новото име требаше да биде „Академијата на науките и уметностите на Република Cеверна Македонија – МАНУ“.

Фото: МАНУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфлацијата и цената на енергенсите, ризици за компаниите, потребни се нови финансиски мерки за нивно ублажување

Редакција

Фондот за здравство ќе покрива операции за промена на полот

Редакција

Претреси во станот на Миле Јанакиески во Прилеп и во станови на Никола Груевски во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница