еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти, а вкупно се лекуваaт 253

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 253 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 15 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти и 9 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 15 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 34 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 87 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 15 пациенти.

На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Позитивен на корона вирусот криумчар од Косово кој превезувал 113 мигранти во ладилник

Редакција

Нов пожар во месноста Ветерско, генерално состојбата смирена

Редакција

Бугарски и грчки европратеници во „напад“ со бројни амандмани на извештајот на Европскиот парламент за Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница