еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник”

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности.

Овој судски предмет е уште во фаза на доказна постапка. На претходното рочиште, на 22 февруари, беше сослушан премиерот Зоран Заев, кој од позиција на сведок предложен од Обвинителството сведочеше за изборните нерегуларности вршени од страна на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 789 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Убава вест: 397 оздравени од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Македонски иселеници пред козулатот во Мелбурн запалија грчко, бугарско и албанско знаме и макети од Заев и Шекеринска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница