еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Кунгуловски се вакцинираше: Посакувам што поголем граѓани да добијат можност да се вакцинираат, така ќе се вратиме во нормала

Доктор Горан Кунгуловски, коосновач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“ информираше дека се вакцинирал против Ковид-19, и смета дека само со масовна вакцинација може да се вратиме во нормала.

„Израелска студија на 1,2 милиони луѓе укажува дека вакцината е 72% ефикасна во превенирање на смртен исход и 57% во превенирање на симптоматски Ковид-19, после примање на една доза и изминати 14-20 денови од истата. Станува над 90% ефективна после примање на втората доза.

Посакувам што поголем број на граѓани да ја добијат можноста да се вакцинираат за најбрз можен рок. Само со масовна вакцинација можеме да се вратиме во нормала,“ напиша Кунгуловски на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: Фејсбук/Кунгуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Домаќинствата со пушачи од семејниот буџет издвојуваат 13,2% за купување цигари и влијаат врз зголемување на сиромаштијата

Редакција

Продолжува трендот на намалување на бројот на ученици во основните и средните училишта

Редакција

Јелена Јованова за земјотресот во Петриња, кој се почувствува и во Загреб: Тресеше како да нема крај и како да нема утре

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница