еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Парламентите за младите: Пријави се на програмата на Парламентарниот институт „Имам став“

Младите играат значајна улога во креирањето на политиките во државата и придонесуваат за развојот на демократската свест и култура.

Модерните демократии имаат обврска да промовираат култура на отвореност преку доближување на процесот на работа до младата популација,
разјаснувајќи ја улогата на пратениците во Собранието и објаснувајќи ги процедурите на неговата работа.

Парламентарниот институт, како посебна организациона единица во рамките на Собранието на Република Северна Македонија, ја реализира програмата „Имам Став“ со цел едуцирање на младите за работата на Парламентот.

„Имам Став“ преставува симулација на законодавниот процес, законодавната постапка, парламентарната дебата и процесот на тоа како еден предлог станува закон.

Младите кои ќе се пријават да учестуваат на програмата на Парламентарниот институт „Имам став“, најпрво ќе се подготвуваат на часовите во училиштата, а потоа пријавените ќе продолжат со едукација во Собранието, каде ќе се реализира симултана пленарна седница, на која ќе се расправа и ќе се одлучува, врз основа на понудени решенија во Собранието.

На крајот од програмата, учесниците во „Имам став“, ќе имаат можност да ја разгледуват и зградата на Собранието, со тоа што ќе ги запознаат и функциите на објектот низ времето, како и за просториите каде работат и одлучуваат пратениците.

Пријавувањето може да се направи на [email protected] или на телефонскиот број 02/31 82 227.

Видеото на македонски јазик можете да го погледнете на следниот линк: idscs.org.mk.

Видеото на албански јазик можете да го погледнете на следниот линк: idscs.org.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Архимандрит Партениј во Бугарија ја доби наградата „Европски граѓанин“

Редакција

Државна лотарија ги додели наградите од првата наградна игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“

Редакција

„Играј Одговорно“- кампања на Асоцијацијата на спортски обложувалници за одговорно спортско обложување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница