еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Помалку од 10 отсто од светската популација има антитела на Ковид-19

Помалку од 10 отсто од светската популација има антитела кон коронавирусот, а вакцинацијата е единствениот начин да се постигне имунитет на стадото, изјави Сумија Суминанатхан, главен истражувач во Светската здравствена организација (СЗО).

Во интервјуто, објавено на Твитер профилот на организацијата, Суминанатхан истакна дека СЗО ги следи студиите што ги анализираат жариштата на инфекцијата во некои градови низ светот.

Иако истражувањата покажуваат дека понекогаш речиси половина од населението во големите, густо населени градови имаат антитела кон коронавирусот, ова не дозволува да зборуваме за постигнување имунитет на стадо.

– СЗО ги следи овие серо-епидемиолошки студии и ако ги погледнеме заедно, ќе видиме дека помалку од 10 отсто од светската популација има антитела кон вирусот, рече Суминанатхан.

Единствениот начин да се постигне имунитет на стадо во целиот свет е преку вакцинација, рече Суминанатхан.

МИА/Фото: Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Жешката моделка со која се сликаше Груевски на забава во Будимпешта стана топ тема во Македонија

Редакција

Имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение прифатливо за Скопје и Софија, вели германскиот државен министер за Европа Рот

Редакција

Мицкоски: Само нелегитимен премиер може гласот на народот да го смета за нерелевантен

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница