еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изготвен безбедносен план за Мијалков во затворот во Скопје

Притвореникот Сашо Мијалков се наоѓа во истражниот затвор Скопје до правосилноста на пресудата, а каде ќе ја издржува затворската казна зависи од судијата за извршување санкции, изјави денеска Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции.

Апсолутно ве уверувам, истакна Спасовски, дека во овој момент можеме да му ја гарантираме безбедноста и на Мијалков и на сите осудени и притворени лица.

– Изготвен е безбедносен план конкретно за притворениот Сашо Мијалков, за негово движење, конкретно за шетањето и се запазени сите безбедносни протоколи и стандардни оперативни процедури за да не дојде до каков било инцидент, изјави Спасовски.

Директор на Управата за извршување санкции, Спасовски информира дека во овој момент нема позитивни лица на Ковид – 19 во ниту еден затвор, ниту пак има суспектни на коронавирусот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По две години пауза, Светски економски форум во Давос: Војната во Украина и ризиците врз економијата во фокусот

Редакција

Како му успева: Заев дневно одговара на три до пет илјади пораки

Редакција

По Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, во Богданци бугарски клуб ќе добие и Цар Фердинанд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница