еМагазин
Image default
Македонија

Пријави лихварство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201

Граѓаните отсега ќе можат анонимно да пријават лихварство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201.

Министерството за внатрешни работи одлучи да отвори оперативна акција „Пријави лихва“ со цел сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за несразмерна имотна корист преку многу висока камата, позната како лихварство.

-Кривичниот законик лихварството го дефинира на следниот начин: „Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“ и „Со казната од став 1 ќе се казни и што неовластено се занимава со давање пари или други потрошни предмети на заем со договор и притоа договара несразмерна имотна корист“, стои во соопштението.

Граѓаните ќе можат преку бесплатниот телефонски број да споделат секакви корисни информации поврзани со ова кривично дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осомничен во „Рекет“ за неколку дена потрошил 180 илјади евра од парите земени од Камчев

Редакција

Сведок во „Рекет“: Во домот на Боки 13 доаѓаа Богоев, Филипче, Кирацовски…

Редакција

Максим Димитриевски обвини за притисок од полицијата, внатрешната контрола на МВР го истражува случајот

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница