еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Ковид-пасошите во ЕУ стануваат реалност, на невакцинираните ќе им треба негативен тест за да патуваат

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер најави дека нејзината институција ќе предложи формално воведување пасоши за граѓаните да можат да патуваат во услови на пандемија, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Овој месец ќе поднесеме предлог закон за Дигитален зелен пасош. Целта е да се поднесе доказ дека лицето е вакцинирано.

Оние коишто уште не можеле да добијат вакцини, да достават негативен тест, твитна претседателката на Европската комисија и увери дека овој предлог ќе ги почитува сите стандарди на ЕУ за заштита на личните податоци.

За Фон дер Лајен овој пасош треба да го „поедностави“ животот на Европејците и да им се овозможи постепено повторно да патуваат и да се движат преку границите.

На брифингот на Европската комисија денеска не се дадоа повеќе детали за содржината на овој предлог кој треба да биде поднесен во текот на овој месец.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По два месеци лекување се огласи гитаристот на ДНК: „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса“

Редакција

Петков: Премиерот не носи сам одлуки, ако има договор со Скопје прво МНР ќе ја извести Владата

Редакција

Кои се победничките во изборот „Жена на годината 2022“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница