еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Граѓаните повеќе ги интересира колку е богат Георгиевски, отколку за неговите ставови за решавање на спорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО Народна и поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски по неговите скандалозни предлози како да се реши спорот кој Бугарија и го наметна на Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, го „сардисаа“ од сите страни, па мораше сам да се брани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановскиот градоначалник Димитриевски: Георгиевски да го врати македонското државјанство и да се извини на македонскиот народ

Заев се огради од сканадалозните предлози на Георгиевски за решавање на спорот со Бугарија

“Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со задоволство би прифатил и доктор на науки по историја.

Па еве ви кукавици отворена понуда за дуел“, напиша Георгиевски на својот Фејсбук профил по лавината од негативни критики во јавноста за неговите предлози, зад кои не застаана ни политичарите, ни неговите коалциони партнери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предлозите на Љубчо Георгиевски порадикални дури и од тие на најзакоравените бугарски националисти, никој во Македонија не ги бендиса

Сепак јавноста во Македонија е многу повеќе заинтересирана за тоа колку „тежи“ поранешниот премиер и како го стекнал тоа „богатство“ , отколку за неговите ставови за актуелни случувања.

Да потсетиме дека Георгиевски се уште и должи одговор на македонската јавност за оваа прашање.

Кога во 2002 година заврши неговиот премиерски мандат тој самиот најави дека за една година ќе објави колку е богат.

Отогаш поминаа децении, а не добивме одговор колку е богат Георгиевски.

Фото: ВМРО Народна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се погласни најавите за корекција на границите на Косово: Можен ли е домино ефект?

Редакција

(Видео) Оштетени кровови на куќи и автомобили, поплавени домови и улици од силното невреме во Охрид

Редакција

Во сабота во Струмица карневал, група со деца од Белград поради корона вирусот го откажа учеството

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница