еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Лани македонскиот БДП во минус од 4,5%

Бруто домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2020 година изнесува минус 0,7 отсто, а за целата 2020 година минус 4,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, раст лани е забележан кај групата земјоделство, шумарство и рибарство за 1,7 отсто, раст од 2,8 отсто имало кај секторот информации и комуникации, еден отсто кај дејности поврзани со недвижен имот и 0,4 отсто раст кај дејностите уметност, забава и рекреација други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги.

Во другите дејности е забележан пад кој е најголем кај преработувачката индустрија од 10,6 отсто.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите дејности во врска со недвижен имот од 2 отсто и финансиски дејности и дејности на осигурување од 1 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 1,6 отсто, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62,4  отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4,5 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,7 отсто.

Бруто домашниот производ во првиот квартал лани имаше стапка на раст од 0,9 отсто, потоа во вториот минус 14,9 отсто и во третиот од минус 3,3, отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Водостопанство“ вработува 140 лица, плата до 25.500 денари

Редакција

Косовската влада ја одложи примената на одлуката за реципроцитет за личните карти и регистарските таблички

Редакција

Убава вест: Оздравени 143 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница