еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Друмарина“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Друмарина“, во кој поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, се сомничи за измама со фискални сметки од патарина, што го чинело Собранието околу 100.000 евра.

Бонева најави дека со 7.000 докази ќе докаже дека не давала лажни фискални сметки од патарини и оти не е рекордер по патни трошоци.

Судењето во овој случај го води судијата Марин Станевски, а обвинението е застапено од обвинител Артан Ајро.

На денешното рочиште предвидено е да сведочат едно вешто лице и тројца сведоци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џемали Саити избран за в.д. претседател на Врховниот суд

Редакција

„Бомби“ на судењето за „Титаник 2“: „Ќе видиме колку сега Заев кошта”, му вели Латас на Мијалков

Редакција

Земјотрес во Грција ги стресе и граѓаните на југот од Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница