еМагазин
Image default
Македонија

Медицинска сестра обвинета за поткуп од 300 евра, ја пријавиле доктори на Клиниката за ортопедија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28.09.2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, од синот на пациентка која требало да се оперира побарала 300 евра, бонбониера и пијалок, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата. Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката.

Откако и биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а ќесата со останатите 150 евра, бонбониерата и пијалокот ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во ќесата, настанот го пријавиле во полиција.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за опеределување мерки на претпазливост за обвинетата – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело,“ информираат од Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Никој не врши притисок врз историската комисија, ниту пак таа врши некакво предавство, вели Тодоров

Редакција

Да се решеле прво етничките, па потоа економските прашања, вели Таравари

Редакција

Завршни зборови на „Монструм”: Обвинителката Фетаи не отстапи од обвинението за тероризам

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница