еМагазин
Image default
Локално

Во Гевгелија загина градежник по пад од скеле

Во полициската станица во Гевгелија вчера околу 13 чаот и 15 минути од екипа на Итната медицинска помош било пријавено дека кај објектот кој се гради на старата автобуска станица во центарот на градот имало починат работник.

По увидот што на местото на настанот го извршиле претставници на полициската станица, јавен обвинител и трудов инспектор било констатирано дека се работи за лицето Н.Т (45) од Богданци, кој изведувајќи градежни работи на објектот паднал од скеле и починал на лице место.

Телото на починатиот, по наредба на јавниот обвинител, било пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Го прегазил колега движејќи се во рикверц

Редакција

Град Скопје почна да доставува решенија за данок на имот и фирмарина за 2019 година

Редакција

Опожарено возило на Агенцијата за примена на јазиците во Визбегово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница