еМагазин
Бизнис

Kомпаниите каде директори се жени, во 71,4% оствариле добивки во последните објавени финансиски извештаи

Податоците што денес ги публикуваме покажуваат дека во органите на управување на сите котирани компании жените учествуваат со 24,2 проценти при што во 15,3 проценти од компаниите се на врвни раководни позиции. Ова покажува дека очигледно има простор за подобрување. Притоа, компаниите каде директори се жени во 71,4 проценти оствариле добивки во последните објавени финансиски извештаи. Тоа во позитивна корелација со многу меѓународни истражувања што недвосмислено покажуваат дека компаниите раководени од жени имаат тенденција да покажуваат посупериорни резултати.

Ова денеска го истакна главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев.

Македонската берза денеска се приклучи кон глобалната иницијатива „Заѕвони за родова еднаквост“ („Ring the Bell for Gender Equality“) со што првпат годинава влезе во друштво на стотина берзи ширум светот каде по повод Меѓународниот ден на жената со симболично ѕвонење на берзанското ѕвоно се означува почетокот на тргувањето.

Во Македонската берза, како што информираа оттаму, почетокот на тргувањето со ѕвонење на ѕвончето го сториле претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити и Штериев.

– Време е да престанеме само да зборуваме за родовата еднаквост, туку и да делуваме. За мене, добро корпоративно управување значи и органи на управување коишто се родово балансирани и коишто го почитуваат принципот на еднакви примања за мажите и за жените, работни позиции со еднаква одговорност и вредност, истакна претседателката на Комисијата за хартии од вредност.

Фото: Photo by Avel Chuklanov on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе понуди и до нула царини на САД

Редакција

Лотарија на Македонија со зголемени приходи во првиот квартал

Редакција

(Галерија) Тиквеш ќе привлекува туристи преку автентични поизолирани сместувачки капацитети, добра храна и вино

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница