еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Историски успех: Македонските ракометари триумфираа над светскиот првак Данска

Македонската ракометна репрезентација синоќа на селекторското деби на капитенот Кирил Лазаров во блескаво издание триумфираше над неодамна крунисаниот светски првак Данска со 33:29 (17:13) во рамки на третото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Со сигурен напад во првиот дел и цврста одбрана предводена од одличниот Никола Митревски со девет одбрани, македонските ракометари ја лимитираа Данска на само 13 голови во првите 30 минути обезбедувајќи предност на полувреме од четири голови разлика.

Македонскиот состав со повратникот во репрезентацијата Филип Миркуловски продолжи во ист стил во вториот дел и со серија од 4:0 стигна до највисоки плус осум, 25:17, во 45-та минута.

Данска, која допатува во Скопје непосредно пред натпреварот, се врати со три голови во серија, но Лазаров и соиграчите рутински го приведоа мечот до самиот крај за прва победа во меѓусебните дуели против актуелниот светски и олимписки првак.

Дејан Манасков, Филип Талевски и Филип Кузмановски беа најефикасни во „црвено-жолтиот“ дрес со по пет голови, а Митревски запиша 13 одбрани на голот.

Реванш натпреварот меѓу двете репрезентации ќе се игра в недела, од 16 часот, во Алборг.

Претходно во рамки на квалификациската група 7, Швајцарија ги запиша првите бодови, триумфирајќи како гостин над Финска со 32:19.

По три одиграни кола, македонската репрезентација е првопласирана во групата со максимални шест бодови, пред Данска со 4, Швајцарија 2 и Финска без бодови.

МИА/Фото: Ракометна федерација на Македонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Гордана Силјановска Давкова, првата жена претседател на Македонија

Редакција

Од партијата на Љубчо Георгиевски за оштета која Македонија треба да и ја плати на ОКТА виновен е Уставниот суд

Редакција

(Видео) Како Пендаровски ја пречека унгарската колешка Новак

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница