еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство со детали за притворот за Камчев

Денеска во утринските часови, врз основа на сознанијата на Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода, информираат од Јавното обвинителство.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности до Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Јордан Камчев е едно од шестте осомничени лица за кои во октомври минатата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка заради постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Одреден 30-дневен притвор: Камчев затскриен со капче и заштитна маска, спроведен во затворот во Шутка

Во кои случаи се води истрага за Камчев

Приведен бизнисменот Орце Камчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викенд убаво време, од понеделник повторно нестабилно со услови за локално невреме

Редакција

Поднесено обвинение против „Ел Чека“ за „бомбите„ за ДУИ

Редакција

Лажни се дојавите за бомби во скопските училишта, велат од МВР

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница