еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕУ го враќа на дневен ред западниот Балкан во април?

На петти март девет земји членки на ЕУ преку писмо побараа од шефот на дипломатијата на ЕУ да се врати западниот Балкан на агендата на Унијата во април откако во декември лани беа блокирани заклучоците поради спорот меѓу Скопје и Софија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Во декември за прв пат во историјата ЕУ ја заврши годината без никакви заклучоци за западниот Балкан, поради неможноста да се изнајде компромис со Бугарија околу речникот поврзан за „толкувањето на историјата“.

Од декември до денеска западниот Балкан е целосно отсутен од дискусиите во Брисел.

Девет земји членки, Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија, на петти март испратија писмо до Жосеп Борел, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, со барање на следниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ во април регионот да се врати на дневниот ред на разговорите.

МИА денеска доби одговор од кабинетот на Борел на ова писмо.

Во реакцијата се вели дека Борел го дели ставот на овие девет земји членки.

– ЕУ и западниот Балкан се приоритет за Европската Унија, ЕУ е главниот политички, економски и трговски партнер на регионот, чија иднина јасно се наоѓа во ЕУ.

Високиот претставник го дели ставот изразен во писмото на министрите за надворешни работи по ова прашање, стои во одговорот на кабинетот на Борел до МИА.

Оттаму додаваат дека шефот на дипломатијата е подготвен за разговори со земјите членки на ЕУ на тема западен Балкан.

Априлскиот министерски совет за надворешни работи на ЕУ е предвиден на 19 април, што ќе биде и после изборите во Бугарија, отворајќи можност да се врати регионот во фокусот на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓу нив и Грција: Девет земји членки бараат Западен Балкан итно да се врати на агендата на ЕУ

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Првата дама Пендаровска со волонтерите на Црвен Крст им даваше поддршка на старите лица

Редакција

ДИК ги врачи уверенијата за новите пратеници: Не ги подигнаа само ДПА, Алијанса за Албанците и Левица

Редакција

Вкупно осум години затвор добија двајца обвинети за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница