еМагазин
Image default
Македонија

Коронавирусот влезе во „Исар“, најголемото штипско комунално претпријатие

Во штипското комунално претпријатие „Исар“ петмина вработени се позитивни на коронавирусот, а седум нивни колеги се во изолација, соопштија денеска директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев и градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.

Засега поради ширењето на вирусот нема проблеми во работењето на најголемото претпријатие во источниот регион. Мерките за ротација на вработените, кои работат во канцеларии се применува подолг временски период.

Николов вели дека Општинскиот кризен штаб ќе достави и апел до сите транспортни фирми и стопански субјекти во Штип да се почитуваат протоколите при превоз на работниците во автобусите, со цел да не се случи минатогодишното ширење на вирусот, кое почна во неколку конфекции, но се рашири при превозот на текстилните работнички и во други конфекции.

Општинските инспектори и сообраќајната полиција ќе бидат на терен, иако според Николов превозниците ги почитувале мерките. Побара поголема одговорност од граѓаните, да не се групираат, но и да ги почитуваат сите здравствени мерки.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, запленети околу 200 килограми марихуана и приведени две лица

Редакција

Филипче: Нема рестрикции, сите протоколи мора да се почитуваат

Редакција

Инфо Шкип: Tројното убиство во Дебар го извршила поголема ќерка на семејството Поцеста

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница