еМагазин
Image default
Македонија

За една недела 55 вработени и 19 деца во градинките се позитивни на Ковид-19

Состојбата поврзана со ковид-пандемијата во детските градинки е стабилна и тие остануваат и натаму отворени, но ситуацијата се следи постојано и нови мерки би можеле да бидат донесени согласно развојот епидемиолошката состојба, порача денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Таа додаде дека секоја недела се прави пресек на позитивни вработени и деца згрижени во градинките.

– Денеска го правиме пресекот и согласно денешниот извештај имаме нови 55 вработени во градинките позитивни на коронавирусот за изминатите седум дена и дополнително 19 позитивни деца. Состојбата е под контрола и постојано ја следиме.

За нас врвен приоритет преставува здравјето пред се на децата, но и на вработените. Доследното почитување на протоколите ја става ситуацијата под контрола, меѓутоа ќе ја следиме епидемиолошката состојба и заеднички ќе носиме одлуки во интерес на граѓаните, рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање.

Таа додаде дека мерките може да зависат и од состојбата на секоја градинка посебно, односно од бројот на позитивни случаи што би се јавил.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Нашата намера не е да го укинеме предметот историја

Редакција

И Вангелов, член на македонскиот дел од мешовитата Комисија со Бугарија се огради и ги осуди изјавите на Заев

Редакција

Министерот за локална самоуправа Милевски поради лични причини утре ќе поднесе оставка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница