еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Нова реалност: Нема да има странски навивачи на Олимписките игри во Токио

Организацискиот одбор на Олимписки и Параолимписки игри донесе конечна одлука да забрани влез на странски навивачи на двете големи спортски манифестации што од крајот на јули до почетокот на септември ќе се одржат во Токио поради пандемијата на коронавирусот.

На странските државјани кои веќе купиле билети за Игрите во Токио парите ќе им бидат рефундирани, е соопштено по денешниот состанок на Организацискиот одбор на кој присуствуваа и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах и гувернерот на Токио, Јурико Коике.

-Тоа е многу жално, им изјави Коике на новинарите по состанокот во Токио, додавајќи, меѓутоа, дека одлуката била „неизбежна“ имајќи предвид дека приоритет за одржување на успешни Игри е здравјето и безбедноста на спортистите и јапонската јавност.

Олимписките игри што минатата година беа одложени поради пандемијата на Ковид-19 треба да се одржат од 23 мај до 8 август, додека Параолипмиските игри се на распоредот од 24 август до 5 септември.

Организацискиот одбор на Игрите во Токио објави дека ќе бидат рефундирани 600.000 влезници за Олимписките и уште 300.000 за Параолимписките игри.

Извршниот директор на Организацискиот одбор Токио 2020, Тоширо Муто рече дека нема да соопшти колку ќе чини рефундирањето на купените влезници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје поденесе тужба против „Слобода превоз“ и „Макекспрес“

Редакција

(ВИДЕО) Со полициско обезбедување се демонтира платформата на „Куба Либре“: Почна уривањето на нелегалните објекти на најатрактивните плажи во Охрид

Редакција

Пановски со апел до здравствените власти: „Ве молам под итно преведете протоколи за Ковид-19, волку лекови одеднаш ни здрав атлета нe би издржал“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница