еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Голема количина мазут се излеа на брегот на Дебарското Езеро

На брегот на Дебарско Езеро, на делот кај месноста „Венец“ излеана е поголема количина мазут.

На оваа, како што ја оценуваат, кафастрофа, најпрво алармираа спортските риболовци, кои секојдневно се на брегот на езерото.

-Траги од мазут има уште од под мостот кој е на самиот излез од градот на патот Дебар – Маврово и таа стигнува се до езерото. Катастрофа. Само што пополека почна да се збогатува рибниот фонд, кого го сотреа рибокрадци и поранешни концесионери, еве сега и ова, револтирано додаваат рибарите.

Од општината велат дека веднаш откако завчера биле алармирани за тоа ги презеле потребните чекори.

-Точно е дека има излевање на мазут на еден дел од езерото. Пријавивме во Одделенето за внатрешни работи, по што нивни и претставници од општината изврија увид. Ќе бидат повикани и стручни лица од ова област кои треба да ја утврдат причната, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.

И од полицијата потврдуваат дека е завршен увид и оти се работи на утврдување на причините, по што „ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Од концесионерот на езерото, Спортското риболовно друштво „Трофта“ не сакаа да коментираат, велат дека чекаат одговор од надлежните.

Засега нема информации за угината риба, бидејќи, како што велат поради ниските температури рибата вообичаено се засолнува на поголема длабочина, штета врз флората и фауната секако ќе има. Угинати се само неколку езерски патки.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повик за отпочнување на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ од групата на седум индустриски најразвиени држави во светот, Г-7

Редакција

Лажна тема за дефокус, вели Димитриеска Кочоска за навредите кон Петровска

Редакција

Иницијативата на дизајнерите е полн погодок: Дневно се печатат по 1.000 заштитни маски на 3D принтери

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница