еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтинуваат за половина денар

За половина денар се намалува цената на бензините од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа, од полноќ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 69 денари за литар.

Новата цена на дизелот ќе биде 56,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар и неговата нова цена ќе биде 45,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,818 денари за килограм во однос на претходно утврдената цена и согласно тоа ќе се продава по цена од 35,393 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корупцијата и непредвидливото бизнис опкружување, пречки во водењето бизнис за холандските компании

Редакција

ОРМ очекува успешни избори и брзо формирање на стабилни институции кои ефикасно ќе се справат со економските последици од Ковид-19 кризата

Редакција

ТЕЦ Осломеј се вклучи во производство на струја

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница