еМагазин
Image default
Локално

Жител на Кочани доби 100 дневни глоби од по 20 евра за лажен ПЦР тест​

Против 46-годишен жител на Кочани, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог, бидејќи сторил кривично дело „Фалсификување исправа“ односно лажна потврда за негативен ПЦР тест на коронавирусот.

Јавно обвинителство соопшти дека на 14 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот се обидел да излезе од државава употребувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест на коронавирусот.

– Иако не се тестирал и знаел дека не поседува сертификат од наведената лабораторија, тој лажната исправа ја употребил како вистинска, стои во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да изрече парична казна од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца скопјани бесправно си изградиле станбен објект во заштитената зона кај Трпејца

Редакција

Во Кочани се сумираат штетите од синоќешното невреме, градоначалникот Папазов ги повика граѓаните да пријават материјална штета

Редакција

Со камион намерно удрил во полициско возило, а „колега“ ги оневозможил полицајците да го стигнат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница