еМагазин
Image default
Македонија

За 24 часа нови 7.102: Досега се самопопишале 137.111 македонски државјани од дијаспората

Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека досега се самопопишале 137.111 македонски државјани во дијаспората, а само последниот ден 7.102, се вели во соопштението на ДЗС.

-Се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на спроведувањето на операцијата на 21 април. Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата.

Одвојте 10-ина минути од вашето драгоцено време за да бидете дел од сликата за Република Северна Македонија, велат од Државниот завод за статистика.

За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, од Државниот завод за статистика велат дека им стојат на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе одвои 78 милиони денари за реконструкција на јавните површини во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Редакција

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори, вклучително и од Договорот од Преспа

Редакција

Не сме далеку од решение со Бугарија, вели Заев во интервју за МИА

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница