еМагазин
ЖИВОТ

Почина Луран Ахмети, еден од најталентираните актери на Албанскиот театар и на светската филмска сцена

Актерот Луран Ахмети почина на 46-годишна возраст како последици од компликации со Ковид-19.

Ахмети е познат актер со домашна и меѓународната сцена, а најповеќе улоги оствари во претставите во Албанскиот театар. Беше дел од играни и кратки филмови, како и најгледаните турски серии како  „Величенствениот“, „Долина на волците“, „Збогум Румелија“.

„Длабоко потресна е веста за смртта на еден од најталентираните актери на Албанскиот театар Луран Ахмети. Луран замина, но зад себе остави длабоки траги на театарската сцена и ликови за паметење во повеќе странски филмски и телевизиски проекти.

Упатувам најискрено сочувство до семејството во овие моменти на длабока тага,“ напиша премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук-профил.

Министерката за култура Ирена Стефоска исто така со длабоко жалење ја сподели веста дека почина еден од најталентираните актери на сцената на Албанскиот театар и светската филмска сцена.

„Ќе остане огромна и неисполнета празнина во културниот живот во земјата. Почивај во мир Луран! Сочувство до семејството, колегите и сите љубители на уметностa,“ напиша Стефоска.

Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдено безживотно тело во реката Вардар, се идентификува дали е момчето кое излета со автомобил во вторникот

Редакција

Што е познато за убиството на докторот Ацо Трпковски: Три лица се приведени, кој е мотивот?

Редакција

Дали да се добие имунитет природно е побезбедно, отколку да се добие од вакцина против Ковид-19?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница