еМагазин
Image default
Македонија

Штипската болница прави планови за активирање други одделенија за ковид-пациентите

Откако вчера се исполни целиот болнички капацитет во штипскиот ковид-центар, раководството прави подготовки и други одделенија привремено да примаат ковид-пациенти.

Во текот на есенскиот бран беше најавено дека како алтернатива ќе им биде Интерното одделение, но што ќе одлучат ќе се знае утре.

За неколку дена треба да биде и целосно завршено поставувањето на централниот довод за кислород и станицата, како и надворешното уредување на модуларната болница, во која ќе има дополнителни 47 кревети.

Здравствениот билтен само вчера во источниот регион регистрираше 102 новозаразени со коронавирусот.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ФРОНТЕКС и македонската полиција пронајдоа момче од Франција, кое во неговата земја е пријавено за исчезнато

Редакција

Директорот на Гостиварската болница тврди дека кај нив има три инфицирани медицински лица, а не осум

Редакција

Треба да сведочи Палевски: Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница