еМагазин
Image default
Локално

Затвореник од Идризово преку телефон измамил седум лица претставувајќи се како директор

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „измама“, информира МВР.

Во периодот од 02.07.2019 до 13.02.2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми и лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од с.Џепчиште и М.Б.(62) од с.Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства.

Со ваквото дејствие причинета е материјална штета од околу 315.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанец наседнал на измама преку Фејсбук: Наместо да добие наследство изгубил 4.500 евра

Редакција

Загинаа девојче и жена во сообраќајка на автопатот Штип – Миладиновци

Редакција

Кратовчанец од граничниот премин Табановце директно во полиција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница