еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски: Безбедносната состојба на јужната граница е стабилна, нема посериозен предизвик со миграцијата

Безбедносната состојба на границата кон Грција и граничниот премин Дојран е мирна и стабилна. Состојбата е под контрола и нема некој посериозен предизвик ниту со миграцијата, ниту со загрозуврањето на безбедноста на нашата државата, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на реконструираниот објект на Полициското одделение Дојран.

Во однос на илегалната миграција, Спасовски посочи дека според оценките од колегите од ЕУ, нашата држава не е атратктивна рута за поминување на мигранти.

– Тоа значи дека полициските служби и армиските припадници добро ја вршат работата во смисла на откривање и превентивно одбвивање на влезот на мигранти. Граѓаните може да бидат сигурни, спокојни и безбедни, затоа што се преземаат сите активности на едно многу високо ниво, рече Спасовски.

Со доаѓање на потопло време и во текот на пролета, посочи Спасовски, секоја година имаме зголемување на напливот на мигранти, но засега тоа е многу мало зголемување, бидејќи поради ковид-мерките отежнато е нивното движење.

– За одбележување е дека на подрачјето на Стар Дојран имаме многу мал обид за илегално преминување на мигранти, затоа што настојуваат да го одбегнуваат овој предел порад лошиот терен.

Сепак, имаме добра покривачка дејност, сите капацитети се насочени кон граничниот надзор на цело ова порачје. Соработката со колегоите, не само од Грција и целиот регион е на високо ниво и се преземаат сите активности, рече Спасвоски.

Активно работиме, посочи Спасовски, и на откривање на криумчарње на мигранти.

– Во периодот од септември до декември месец се разбиени две големи криминални групи, кои работата со криумчарење на мигранти. Ќе продолжиме со врвен приоритет во работата и во 2021 година, нагласи Спасовски.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Вакцините се безбедни, вакцинацијата единствен начин да го победиме вирусот

Редакција

Митрополит Тимотеј: Го очекуваме доаѓањето на вселенскиот патријарх и доделувањето на томосот

Редакција

Предложена казна од 10.000 евра за поранешната директорка на Кожни болести, Нина Цаца-Биљановска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница