еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Очекуваме Приштина да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осуден за „Монструм“

Скопје бара од Приштина екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, еден од осудените на доживотен затвор во процесот „Монструм“, кој вчера е уапсен во Косово, потврди денеска премиерот Зоран Заев.

„Ние од поодамна имаме побарано екстрадиција и очекувам од новите косовски власти да ги потврдат меѓунардоните договори на кои и Косово и С. Македонија се имаат обврзано, а тоа ќе ја зајакне и соработката меѓу двете земји.

Секако, никој не е виновен додека со правсилна одлука тоа не се потврди, но верувам дека во овој случај тоа е потврдено со судска одлука. Очекувам властите на пријателско Косово, да го почитуваат правото и меѓународните договори, и да го екстрадираат лицето“, рече Заев денеска во Велес, одговорајќи на новинарско прашање.

Африм Исмаиловиќ, еден од осудените за петкратното убиство кај Смилковското Езеро е упасен вчера во една од приштинските населби, откако бил идентификуван од полицијата поради учество во сообраќајна несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осудениот Африм Исмаиловиќ за случајот „Монструм“ уапсен во Приштина по сообраќајна несреќа

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МПЦ: Уште од почеток на пандемијата апелираме да се почитуваат препораките за заштита

Редакција

Македонија почнува стратешки дијалог со САД на 2 јуни

Редакција

Чаир останува на врвот во Македонија по бројот на активни случаи на Ковид-19

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница