еМагазин
Image default
Да помогнеме

Апел за помош: Петти ден се трага по исчезнатиот гевгеличанец Илија Минов

Веќе петти ден потрагата по исчезнатиот 59 годишен гевгеличанец Илија Минов, не дава никакви резултати.

Откако во понеделникот, на 29 март, од неговата фамилија бил пријавен за исчезнат со опис дека бил виден последен пат на тој ден сабајлето облечен со зелена јакна, сини фармерки, црни чевли и кафено шалче со црни риги, до денеска освен неговиот автомобил кој бил пронајден паркиран на мостот на Вардар, од исчезнатиот Минов нема ниту трага ниту глас.

Во организираните потери од страна на полицијата, неговите роднини и пријатели, во кои беа вклучени и кучиња трагачи, темелно биле пребарани двата брега на реката Вардар каде не е пронајден никаков траг.

Полицијата и понатаму презема истражни мерки за пронаоѓање на исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој на своите сограѓани им беше познат по настапите во ансамблот „Распеани гевгеличани“ и како активен планинар.

МИА/Фото:Фејсбук/Минов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гоце Илиески е возач на Брза Помош од Прилеп, многу животи спасил сега сме му потребни да го спасиме неговиот од Ковид-19

Редакција

И требаме на деветмесечната Илина која треба да се лекува од тумор на надбубрежна жлезда

Редакција

Можеме да собереме 2.000 евра и да ѝ помогнеме на Билјана, за операција на мекоткивен тумор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница