еМагазин
Македонија

Затворено училиштето „Браќа Миладиновци“ во Струга, деветмина вработени позитивни на Ковид-19

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга од денеска е затворено поради деветмина вработени позитивни на Ковид-19, потврди за МИА директорката Лаура Шате.

Повеќе од 400 деца од прво до трето одделение, како што информира, настава ќе продолжат да следат он-лајн во наредните две недели.

– Во комуникација со Општина Струга и Министерството за образование и наука, поради зараза од Ковид-19 кај четворица наставници и пет лица технички персонал, донесовме одлука за затворање на училиштето во наредните две недели, истакна Шате.

Тројца од заразените, според директорката, биле со тешка клиничка слика хоспитализирани во Струшката болница, додека останатите се на домашно лекување.

– Засега нема заразени ученици. Училиштето го затворивме од претпазливост да не дојде до ширење на заразата, посочи Шате.

Во наредниот период, кажа дека ќе имаат состанок со сите релевантни институции, и согласно состојбата,ќе донесат одлука како ќе продолжи наставата по истекот на предвиденте 14 дена.

Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ учат 1.180 ученици на македонски, албански и турски јазик.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно починато лице од Ковид-19, вкупно до сега 9.188

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 176 лица, приведени 79

Редакција

Генералшабот категорично побара Армијата да не се злоупотребува за политички цели

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница