еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Аџибадем Систина“ и „Ремедика“ ќе испратат на испомош лекари за ковид-пациенти во Заводот за рехабилитација, од клиниката Жан Митрев дел од кадарот бил на боледување

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека очекува лекари од приватните болници „Аџибадем Систина“ и „Ремедика“ да помогнат за лекување на болните од Ковид-19 во Заводот за рехабилитација, а од клиниката „Жан Митрев“ добил известување дека дел од медицинскиот кадар бил на боледување, а следните две недели и тие ќе одговориле на барањето.

За намалување на цените за лекување од Ковид-19 по приватните клиники рече дека не постои правен механизам тоа да се случи, туку граѓаните доброволно заминуваат таму на лекување, а исто така болниците сами ја одредуваат цената на лекувањето.

Филипче вели дека секој што побарал здравствена заштита во јавното здравство ја добил.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Полицаец и едно лице загинаа при вршење полициска контрола на скопската обиколница, откако во нив удри камион

Редакција

Обвинителство му одреди притвор: 18-годишно момче од Гостивар обљубил 12-годишно девојче кое му било роднина

Редакција

(Видео) Масовна тепачка во италијанскиот Парламент

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница