еМагазин
Свет

Рускиот опозициски лидер Навални итно пренесен во болница

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил пренесен во болница поради можна респираторна болест и бил тестиран за коронавирусот, јави весникот Известија, повикувајќи се на затворската служба.

Навални претходно изјави дека има треска и силна кашлица и оти тројца од 15-те затвореници во неговото одделение се лекуваат во болница од туберкулоза.

Eден од најистакнатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека почнува штрајк со глад.

Навални (44) исто така тврди дека управата во затворот не му обезбедила соодветна медицинска нега за акутни болки во грбот и нозете.

МИА/Фото: Фејсбук/Навални

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Редици пред продавниците за оружје во САД, се стравува од немири

Редакција

Царини од 25% за увоз на челик и алуминиум во САД од сите земји, најави Трамп

Редакција

Скандал: Макрон и поранешна еврокомесарка тајно му помагале на Убер да се прошири во Европа на сметка на такси-индустријата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница