еМагазин
Свет

Постои врска помеѓу „АстраЗенека“ и згрутчувањето на крвта, но Агенцијата се уште истражува, вели претставник на ЕМА

Член на Европската агенција на лекови (ЕМА) за италијанскиот весник „Ил Месенџеро“ потврди дека постои поврзаност меѓу вакцината на „АстраЗенека“ и случаите со згрутчување на крвта, но Европската Комисија чека повеќе детали, јави дописничката на МИА од Брисел.

Марко Кавалери, шеф на вакцинацијата во Европската агенција за лекови, изјави за весникот дека е утврдена поврзаност со вакцината на „АстраЗенека,“ но дека сѐ уште не е јасно на што се должи таа поврзаност и како се случува. Агенцијата продолжува да истражува, изјави тој.

На редовниот брифинг на Европската Комисија попладнево, портпаролот за здравство, Стефан Де Керсмакер, изјави дека е запознаен со интервјуто на Кавалери.

– Оваа поврзаност е во тек на истражување од страна на Европската агенција на лекови, минатата недела имаше соопштение, оваа недела ќе се одржи комитет и агенцијата продолжува да го анализира прашањето и чекаме да се произнесат за евентуалната поврзаност, изјави портпаролот.

Европската Комисија ја охрабрува ЕМА да биде достапна и транспарентна пред медиумите и граѓаните.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани одбиени 26,29% од барателите за виза во САД од Македонија

Редакција

(Видео) „Зимата ќе биде долга, мрачна и со снег“: Гаспром со видео ја „плаши“ Европа и порачува – нема гас

Редакција

(Видео) Најмалку 22 лица загинаа во силна експлозија во хотелот Саратога во центарот на Хавана, а повеќе од 70 се повредени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница