еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Уште една актерка го обвини Бранислав Лечиќ за силување и откри детали

По актерката Даниела Штајнфелд, и актерката Мерима Исаковиќ го обвини српскиот актер Бранислав Лечиќ за силување.

Исаковиќ е актерка која на 16 години се запишала на глума, српските медиуми оценуваат дека остварила одлични улоги, но доживеала страшна сообраќајна несреќа и на 21 година останала неподвижна.

„Имав 18 години, есен 1978. Ме пикна во стан, ми го соблече фустанот. Не се обидувај да врескаш, никој нема да те слушне. Ме турна на под, ме болеше секоја коска.

Ако успее, ќе умрам вечерва. Ужива во мојот страв. Го чувствувам тој здив. Како мирис на гнило.

Застрашувачки поглед. Празен и црн. Очи без душа.

Насилник кој за малку ќе успееше да го уништи мојот живот, да ја згасне мојата младост, темнината да ме проголта.

„Ти простувам“ му реков тогаш, пред 40 години.

„Простувам, но не заборавам.Ти никогаш нема да ја сфатиш болката која ми ја нанесе. Повеќекратна болка. Но, ако слушнам дека на некој си нанел иста болка, на сите ќе кажам што се случило“.

Јас својот збор го одржав. Бранислав Лечиќ изгледа не е. Чувствувам морална обврска да го споделам искуството со надеж дека ќе и бидам поддршка на Даниела Штајнфелд и на останатите жртви на сексуално злоставување,“ откри таа за „Недељник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранислав Лечиќ за обвинувањето за силување: „Гнасна лага која се обидува да ме дискредитира“

Бранислав Лечиќ даде исказ во полиција: Го негирал силувањето на актерката Даниела Штајнфелд и тоа поминало на полиграф

Актерката Даниела Штајнфелд го обвини Бранислав Лечиќ за силување

Фото: Урнак 1/К1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе извлече ли поука Македонија од големата трагедија во Грција

(Видео) Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев, уверуваат Спасовски и неговиот бугарски колега

Редакција

И со службена и со редовна влада нема репреговарање на договореното со Македонија, велат од бугарското МНР

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница