еМагазин
Image default
Македонија

Извесно е решението за државјанство со Алијанса на Албанците и Алтернатива, најави Заев

Премиерот Зоран Заев очекува в понеделник на состанокот со Алијанса на Албанците и на Алтернатива да се изнајде решение во однос на нивното барање за начинот на добивање државјанство на Република Северна Македонија.

За Заев извесно е решението, знаејќи ги сите детали од анализи, но и како што информира, работните состаноци што ги имал со министерот и со заменик-министерот за внатрешни работи за оваа тема. Тој додаде дека тоа би биле услови кои се среќаваат секаде на европскиот континент или во нашиот регион.

-Но да оставиме шанса на состанокот в понеделник да изнајдеме решение. И ред е Алијанса на Албанците и Алтернатива, како најголеми албански опозициони партиии, да ги соопштат решенијата, а ние ќе излеземе да кажеме што е договорено, рече меѓу другото Заев, додавајќи оти целта е сите граѓани кои немаат државјанство да го добијат.

– Анализата сама по себе покажува каде имале пречки сите тие граѓани. Гледаме вкупно 530 во една област, 220 во друга област, 136 во друга област, така што ги знаеме сите детали согласно анализите во последните години, кои биле пречките во добивањето на државјанствот, додаде премиерот.

Заев истакна дека верува оти со самото законско решение, во кое се земени предвид и барањата на опозицијата, ќе се постигне целта, а тоа е граѓаните кои бараат државјанство да го добијат.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час го прекршиле 70 лица, изречени 553 казни за ненносење маска

Редакција

Детален преглед: Кои се најголемите донатори во изборната кампања на Блерим Река?

Редакција

Мицкоски и по средбата со Заев, не го соопшти името на техничкиот министер за внатрешни работи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница