еМагазин
Image default
Македонија

Семејството на Никола Саздовски бара да им бидат потврдени 19-годишните казни затвор на неговите убијци

Семејството на убиениот Никола Саздовски и претставници на навивачката група Комити, денеска до Јавното обвинителство поднесоа жалба поради намалувањето на казните на извршителите на убиството од 19 на 16 години затвор.

„Максималната казна за ова дело е доживотен затвор, но за лица помали од 21 година, односно  доколку извршителите немаат 21 година во време на извршување на делото неможат да бидат осудени повеќе од 20 години.

Зарем тоа не е доволно олеснителен момент за овие лица. Биле млади, зарем Никола беше стар. Зарем се двоиме во Република Македонија на млади и стари. Не, тоа не би требало да биде така.

Затоа ние овдека дојдовме да изразиме еден мирен протест и револт. Доставивме на јавниот обвинител едно барање да го продолжи процесот да бара максимална казна од третостепениот суд, односно од Врховниот суд и се надеваме дека Врховниот суд тоа ќе го усвои, односно да ја потврди онаа 19-годишна казна што ја изрече првостепениот суд“, изјави таткото на Никола, Тони Саздовски по поднесувањето на жалбата.

Никола Саздовски, припадник на навивачката група „Комити“ почина по бруталното претепување на 29 јуни 2018 година.

За свирепо убиство на Саздовски беа осудени Бесир Беља и Скендер Демири на по 19 години затвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 имал отоци и огреботини во пределот на главата, шаката, рачен зглоб и надлактица, не е хоспитализиран

Редакција

„Македонија пат“ ќе ја урива дивоградбата пред „Мавровка“

Редакција

Каракачанов: Македонија со овој менталитет не треба да влезе во НАТО, во Скопје треба да се свестат и да станат нормален народ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница