еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Промена на времето: Пониски температури, дожд и снег на планините

Намалување на температурата, нови врнежи од дожд и од снег на планините најавуваат метеоролозите од утре во наредните денови, како и за време на викендот.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопштија дека под влијание на влажен бран од утре ќе има зголемување на облачноста. Утре и в среда ќе преовладува поменливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи.

Локално се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар.

В среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот

Дневните температури утре ќе бидат од осум до 20 степени, во среда од 10 до 18, во четврток од 9 до 16 степени, во петок од 11 до 18, во сабота од 9 до 15 и во недела од 10 до 16 степени.

Утринските во среда, четврток и петок на некои места ќе бидат под нулата, односно во четврток од минус два до пет степени, петок од минус четири до три и во сабота од минус два до четири степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако пратката со пиперките од Хрватска биде вратена во земјава, ќе се издаде налог за нејзино уништување, велат од АХВ

Редакција

Ердоган или Киличдароглу: Турција денеска ќе добие нов претседател

Редакција

За и околу прославата на Бадник и Божиќ, што е правилно а што не

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница