еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за „тајните хонорарци“ на Владата: Заев секој месец го плаќал синот на Самка Ибраимоски и секретарката на Рашковски

Додека народот нема таблети и вакцини за Ковид19, Зоран Заев секој месец го плаќал синот на Самка Ибраимоски и секретарката на Драги Рашковски, рече на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, по објавувањето на листата на хонорарци, ангажирани од Владата.

„Со народни пари, како хонорарци чии имиња беа криени од јавноста до вчера, е плаќан и Демир Ибраимоски, син на Самка Ибраимоски, коалиционен партнер на Заев и заменик директор на „Македонија пат“.

И додека Самка ги лаже Ромите со покачена социјална помош, неговиот син земал 40.000 денари месечно како хонорарец. 53.000 денари хонорар од Заев добил и професорот Ванчо Узунов, кој беше и потпретседател на СДСМ.

На листата хонорарци се најде и името на Ивана Митрова, секретарка на Драги Рашковски, која земала 38.000 денари.

Независен колумнист, и владин хонорарец во исто време, тоа е Петрит Сарачини, кој месечно од Владата бил плаќан 42.000 денари. Истиот тој се продава како независен и непристрасен.

Марко Михаилоски, претседател на СДММ е уште еден од хонорарците чии имиња до вчера не беа објавени. Дали Михаилоски земал државна плата, а работел партиски задачи? Или партијата и државата тоа е исто за Заев и неговите?,“ рече Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата објави список со актуелните „тајни хонорарци„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на Собранието, Гаши, го осуди дивеењето за денот на албанското знаме

Редакција

Бугарскиот амбасадор Ангелов: Бугарија не може да ги промени своите позиции за преговарачката рамка

Редакција

Коалицијата „Можеме“ на СДСМ за изборната кампања прибрала донации од 231.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница