еМагазин
БЕНЧМАРК

ЕУ нема да ги продолжи договорите за вакцините со „Џонсон и Џонсон“ и со „АстраЗенека“

Европската комисија (ЕК) одлучи да не ги обновува договорите за набавка на вакцини против Ковид-19 со „Џонсон и Џонсон“ и со „АстраЗенека“, објави денеска весникот „Ла Стампа“, повикувајќи се на неименуван извор од италијанското Министерство за здравство.

„ЕК во договор со лидерите на многу земји на Европска Унија, одлучи договорите со компании што произведуваат вакцини против коронавирусот, кои важат за тековната година, да не бидат обновени по нивното истекување,“ наведува „Ла Стампа“.

Весникот додава дека Брисел ќе се фокусира на вакцините против Ковид-19 со употреба на РНК технологија, како што се оние на „Фајзер-Бионтек“ и „Модерна“.

Слични информации минатата недела објави и германскиот весник Ди Велт.

ЕК, во меѓувреме, побара појаснување од „Џонсон и Џонсон“ за „целосно неочекуваното соопштение за одложување на испораката на своите вакцини во ЕУ“.

Информациајта доаѓа по вчерашното соопштение на „Џонсон и Џонсон“ дека ќе ја одложи испораката на вакцината против Ковид-19 во Европа поради стравувањата дека во ретки случаи, примателите на вакцини може да развијат згрутчување на крвта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасадорите Дејвид Гир и Кшиштоф Гжелчик во Македонски Брод – граѓаните заинтересирани да реализираат проекти со ЕУ-поддршка

Редакција

Петков: Ми се допаѓа францускиот предлог, останувам на ветеното одлуката за Македонија да ја донесе бугарското Собрание

Редакција

26 членки се држат како заложници од мали национални интереси на една земја која прави штета на целата ЕУ, смета германската амбасадорка Холштајн

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница