еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Србија прва во Европа почна со производство на руската вакцина Спутник V

Србија стана првата земја во Европа која од вчера почна со производство на руската вакцина Спутник V, пишуваат српските медиуми.

Информацијата ја соопшти Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој објави дека заедно со институтот Торлак го почнал производство на руската вакцина Спутник V во Србија.

Вакцините ќе можат да се извезуваат, а досега оваа вакцина е регистрирана во 60 земји во светот.

Вакцината, додаваат тие, подоцна може да почне да се извезува во другите земји во регионот.

Српскиот министер за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ, на Твитер информираше дека во Торлак е извршено првото полнење.

Фото: МЗ/видео: Твитер/Поповиќ/РДИФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во петок се отвора новиот трговски центар Diamond Mall

Редакција

Прв пат во историјата: Температурата на Антартикот над 20 степени

Редакција

Потрага по стружанец, два дена се води за исчезнат во реонот на село Брчево

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница