еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Масакар во САД: Најмалку осуммина убиени и 60 повредени во оружен напад во Индијанаполис

Во масовна пукотница во американскиот град Индијанаполис доцна синоќа по локално време во простории на компанијата Федекс во близина на меѓународниот аеродром, биле убиени најмалку осум лица, а напаѓачот се самоубил, јавија американски медиуми.

Убиените биле пронајдени во објектот. Најмалку 60 други лица се повредени и пренесени во локалните болници. Во објектот на Федекс работат окоу 4.000 лица.

Полицијата претпоставува дека напаѓачот се самоубил.

Портпаролката на полицијата во Индијанаполис, Џејн Кук нагласи дека не веруваат оти постои активна закана за заедницата.

МИА/Фото/Видео: Youtube/LA Times

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување во Израел: Третата доза штити 97% од тешко заболување од Ковид-19, 16 дена по аплицирањето

Редакција

Еболата зема замав во Конго, починати четири лица

Редакција

Врховниот суд на САД даде зелено светло: Трамп доби 2,5 милијарди долари за изградба на ѕидот кон Мексико

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница